Шојбле бара Русија да биде партнер во решавање на блискоисточната криза

Од:

 Европа треба да има подобра стратегија на Блискиот Исток, а Русија треба да биде дел од решенито на проблемот во регионот за да се намалат тензиите меѓу регионалните сили Иран и Саудиска Арабија, смета министерот за финансии на Германија, Вофганг Шојбле.

Шојбле кој е еден од најпочитуваните германски политичари за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ напиша дека Европа не може да гради стратегија на Блискиот Исток и Африка без да соработува со САД и Русија.

„Ако добро ги разбирам руските безбедносни интереси поврзани со исламскиот тероризам Москва има проблеми со аспирациите на Сунитите. Зошто тогаш да не бидеме во можност да развиеме заедничка стратегија со Русија со цел да се намалат разликите меѓу сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија и шиитската коалиција предводена од Иран“, напиша Шојбле во напис за весникот.

Овие ставови на Шојбле се спротивни на позицијата на неговата влада која издејствува мир во конфликтните региони во Украина, а беше најгласна при воведување на санкции против Русија поради инволвирањето во конфликтот.

Во декември канцеларката Меркел изјави дека санкциите можат да бидат симнати само со целосно исполнување на договорот од Минск што според неа сеуште не е случај.

Би можело да ве интересира

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија