Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Од:

Украина очекува во првата половина на оваа година официјално да бидат отворени преговарачките кластери за пристапување на земјата во Европската унија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.

„Веќе го завршивме билатералниот скрининг во рамките на трите преговарачки кластери поврзани со внатрешниот пазар и надворешните односи. Очекуваме овие преговарачки кластери официјално да бидат отворени во наредните месеци. Всушност, се надевам дека тоа ќе се случи во првата половина на оваа година“, нагласи тој за време на форумот „Членство на Украина во ЕУ: не ако, но кога“, известува Ukrinform.

Според него, Украина постигнала значителен напредок во изминатите три години, од моментот кога ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ до почетокот на пристапните преговори, што во моментов, како што наведе, е „најважниот приоритет“.

Би можело да ве интересира

Песков: Нема потврда дека ќе се одржи нова рунда преговори за Украина

Зеленски: Дури ни мојата смрт нема да ја „скрши“ Украина

Харт: Берлин е против територијални компромиси во Украина

Украинците ги обучуваат германските копнени сили

Орбан: Зеленски директно се вмеша во изборната кампања на Унгарија

Руте: Рускиот народ треба да знае дека војната ја уништува Русија

Горан Наумовски