Шмихал ја повика Германија да го снабди Киев со модерни борбени тенкови

Од:

Украинскиот премиер Денис Шмихал повика Германија да го снабди Киев со модерни борбени тенкови за да им помогне на вооружените сили да се борат против руската инвазија, јави ДПА.

Потребна е промена во филозофијата, изјави Шмихал за ДПА, во однос на испораките на оружје. Викендов планирана е негова посета на Берлин.

Како што појасни Шмихал, Киев очекуваше САД да го снабдат со тенкови „Абрамс“, а Германија со „Леопард 2с“, што ќе ги искористат на бојното поле.

Директно снабдување со борбени тенкови и возила на пешадија на Украина, останува нешто како табу тема во Германија, каде јавноста е обично внимателна за каква било странска воена интервенција. Ниту една друга членка на НАТО досега не обезбеди вакви системи за оружје за Украина, наведува германската агенција.

Шмихал треба да пристигне во Берлин утре, а ќе биде пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц в недела.

Тој ќе биде највисокиот украински политичар кој ќе го посети Берлин откако Русија изврши инвазија врз Украина, пред нешто повеќе од шест месеци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он