Шмихал: Досегашната американска помош за Украина не е вклучена во договорот за ретки минерали

Од:

Договорот за ретките минерали што Украина има намера да го потпише со САД нема да ја земе предвид американската помош испратена во Киев пред потпишувањето на документот, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Тој на својот профил на Телеграм напиша дека Украина и САД постигнале договор дека претходната помош на Вашингтон за Киев нема да биде дел од договорот за ретки минерали, објави Ројтерс.

Шмихал, кој минатата недела беше во посета на САД за да учествува на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, по состанокот со американскиот секретар за финансии Скот Бесант изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во договорот за ретките минерали.

Би можело да ве интересира

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот