Шмигал: Украина дневно губи по 170 милиони долари поради немање пристап до море

Од:

Украина губи 170 милиони долари секој ден, поради немање излез на море, изјави премиерот Денис Шмигал, пренесе Скај Њуз.

Тој додаде дека Украина извезла половина од производството по избувнувањето на војната со Русија кон крајот на февруари.

„Деведесет милиони тони земјоделски производи што Украина планираше да ги извезе во земјите во Азија, Африка и Европа стагнираат“, рече Шмигал за време на заедничката посета со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на јужниот пристанишен град Одеса.

Некои од производите на Украина се извезуваат по копнен или железнички пат, но други резерви остануваат во областите каде што се војува или се под руска окупација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина