Премиерот на Украина Денис Шмигал побара ракети со долг дострел и борбени авиони на средбата со шефот на Пентагон, Лојд Остин, соопшти Министерството за одбрана на САД.
„Бараме од вас да ја преиспитате можноста да и дадете на Украина ракети со поголем дострел“, рече Шмигал.
Остин и Шмигал се сретнаa во Вашингтон, се наведува во соопштението на министерството.
„Америка може уште еднаш да го покаже своето лидерство со снабдување на Украина со авиони Ф-15 или Ф-16“, додаде Шмигал.