Шкотските сепаратисти повикуваат на заедничка „национална платформа“ за изборите од 8 јуни

Од:

Сите партии во Шкотска кои заговараат независност треба да направат заедничка национална платформа со изборен манифест, според кој, доколку на претстојните предвремени парламентарни избори го добијат мнозинството од шкотските гласови, таквиот резултат ќе претставува мандат за организирање нов референдум за отцепување од Велика Британија, пишува весникот „Нешнл“.

Шкотскиот весник „Нешнл“, кој заговара независност на Шкотска тврди дека нема посилен мандат за втор референдум, од изборната победа на „националните партии“ во шкотските изборни единици.

Последните испитувања на расположението на гласачите покажува дека Шкотската национална партија (СНП) останува главен фаворит кај тамошните гласачи, но сега за прв пат по подолго време, се забележува зголемување на подршката за британската Конзервативна партија и се навестува дека сепаратистичката СНП би можела да освои помалку пратенички места во Парламентат во Лондон од досегашните.

На британските избори во мај 2015 година, СНП обезбеди за себе дури 56 пратенички места, од вкупно 59 колку што се добиваат од шкотските изборни единици и стана трета по големина партија во Вестминстер.

Весникот „Нешнл“ потсетува дека СНП и партијата на шктските Зелени кои се определени за независност на Шкотска, минатиот месец успеаја да го протуркаат во шкотскиот Парламент предлог-барањето за нов референдум, што би се одржал есента идната година, или на пролет во 2019.

Владата на актуелниот премиер Тереза Меј одби да ја прифати ваквата одлука на Парламентот во Единбург, оправдувајќи го тоа со погрешно избраното време и инсистирајќи дека сега е потребно единство за обезбедувањето добар договор за Брегзит.

Неочекуваните предвремени избори, смислени за да се блокираат сите вакви иницијативи и плановите на британската опозиција за преиспитување и преразгледување на сите работи околу преговорите за Брегзит, отвараат можност за стопирање и на започнатата иницијатива на СНП и на шкотскиот прв министер Никола Старџен за уште еден референдум.

Иницијативаната беше покрената откако Тереза Меј и британските „брегзитери“ одбија да се направи договор меѓу Единбург и Лондон за тоа дека нема да има „тврд“ Брегзит и дека Британија, а преку неа и Шкотска, ќе има отворен пристап на единствениот пазар на ЕУ.

Иницијативата за национална платформа, со меѓупартиски манифест, се оценува како обид уште во предизборната кампања и низ изборите, да се добие нов мандат за но референдум.

Претходниот референдум се одржа во септември 2014 година и на него 55 отсто од Шкотскланѓаните се определија за останување во Британија, додека 45 отсто беа за независност.

Последното мерење на расположението на гласачите, покажува дека за отцепување се 40 отсто од гласачите во тој дел од Британија, што е нешто помалку од претходните мерења.

Антиевропските британски весници, наклонети на конзервативците, го означуваат ова како „тежок удар“ врз СНП и Старџен, без разлика што процентот на оние кои се отцепување постојано се менува во една или во друга насока.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on