Шкотските националисти ќе предложат нов референдум за независност

Од:

Шкотските националисти ќе предложат одржување нов референдум за независност на Шкотска, пренесоа француските медиуми.

Премиерката на Шкотска, Никол Стуржон вчера изјави дека нејзината пронезависна Шкотска национална партија предлогот за референдум ќе го вклучи во својата програма за изборите за регионален Парламент во 2016 година. Програмата ќе биде претставена на годишната партиска конференција, што ќе се одржи веќе следниот месец.

Стуржон посајни дека новиот референдум за независност од Обединетото кралство може да се одржи по пет до десет години.

На референдумот за самоопределување од минатата година 55,3 отсто од Шкотланѓаните гласаа за останување во кралството, а 45 отсто за независност.

Според истражувањата на институтот Ипсос за шкотската телевизија, доколку новиот референдум би се одржал денеска 55 отсто од избирачите во Шкотска би гласале за независност.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот