Шкотскиот премиер предупреди на можен нов референдум за отцепување од Велика Британија

Од:

Шкотскиот прв министер Никола Старџен вчера предупреди дека има голема веројатност да има втор референдум за независност на Шкотска, доколку британското раководство тргне по патот на радикална разделба со ЕУ, пренесоа американските медиуми.

Таа ова го кажа на затворањето на конгресот на Шкотската национална партија во Глазгов, зарекувајќи се дека ќе преземе дејствија Шкотска да остане во единствениот европски пазар дури и Обединетото кралство да го напушти.

Старџен изјави дека доколку Лондон ги отфрли овие нејзини напори и преземе чекори да и наштети на шкотската економија, таа ќе „направи така што Шкотланѓаните ќе добијат нова шанса да изберат подобра иднина“.

Шкотскиот премиер, која во принцип го поддржува создавањето независна шкотска држава, во четвртокот изјави дека нејзината влада наскоро ќе го објави предлог законот што ги подготвува условите за нов референдум за отцепување од Велика Британија – првиот чекор пред оддржување на плебисцитот.

На претходниот референдум во 2014 година Шкотланѓаните избраа да останат во составот на Обединетото кралство.

Старџен кажа дека оваа Велика Британија, која постоела во текот на 2014 година, веќе нема да ја има, доколку се спроведе сценариото за таканаречениот „тврд Брегзит“ – ако се прекинат економските врски со Европа и тоа доведе до намалување на животниот стандард и невработеност во Шкотска.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот