Шкотскиот парламент гласаше против Брегзит

Од:

Шкотскиот парламент денеска гласаше против планот на британската премиерка Тереза Меј за излез од ЕУ, иако тоа претставува само симболичен, необврзувачки глас.

Со ова гласање се докажува подоленоста на четирите нации во Обединетото Кралство, откако уште на референдумот за Брегзит, Шкотска и Северна Ирска гласаа против излегувањето на Велика Британија од ЕУ, додека Англија и Велс беа за.

Премиерката на Шкотска, Николa Стурџон во повеќе наврати бараше да земат во обзир и интересите на Шкотска во преговорите за Брегзит и дека Шкотска мора да има избор за одржување на нов референдум за независност.

„Денешното гласање е клучен тест за тоа дали ќе се слуша гласот на Шкотска“ изјави Струџон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска