Шкотска објави „интернет независност“

Од:

Откако не успеа да изгласа независност од Велика Британија на референдумот во септември минатата година, шкотската Влада ја исполни својата цел на интернет, менувајќи го името на својот домеин од „gov.uk“ на „gov.scot“.

Пет месеци по неуспехот на референдумот, интернет страницата на владата на полуавтономниот регион е достапен на адресата „www.gov.scot“. Досегашната адреса „www.scotland.gov.uk“, засега останува се уште активна.

– Употребата на домеинот „scot“ не обединува со шкотската заедница во светот, која избира да го искаже на тој начин идентитетот и сродството, изјави шкотскиот заменик прв министер Џон Суини.

Доменот „.scot“, за кого долго се залагаше поранешниот прв министер Алекс Салмонд, е воведен во септември 2014 година. Според владата тој веќе се користи од над 8.000 компании и организации. 

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година