Шкотска и остатокот на Велика Британија ќе се разделат во март 2016 година ако победат сепаратистите на референдумот

Од:

Шкотска и остатокот на Велика Британија ќе се разделат во март 2016 година,доколку сепаратистите победат на денешниот референдум за независност.

Владата на Шкотска,уште при носењето на одлуката за референдумот,го определи 24 март,како ден на независноста.

Во тој период од година и половина,Единбург и Лондон ќе треба да ги завршат сите работи околу разделувањето. Најважната работа што ќе треба да ја направат ќе биде постигнувањњто договор околу долгот и парите,како и за натамошното користење на нафтата и гасот од Северно Море.

Спогодба ќе мора да се постигне и за преселбата на ракетитите Трајдент,со нуклеарни бoеви глави,како и на поморската база во северозападна Шкотска,каде се лоцирани и четирите подморници на нуклеарен погон „Вангард“ кои носат балистички ракети. Во периодот до прогласувањето на шкотската независност,сега двете соседни земји,ќе мора да се договорат и околу определувањето на граничната линија.

Единбург најави дека сака да ја задржи фунтата како своја национална валута и да влезе во монетарна унија со остатокот на Велика Британија,но британската влада,подржана и од опозиционите лабуристи,соопшти дека нема да има унија со земјата која штотуку се отцепила.

Сепаратистите сакаат новата независна држава да остене дел од ЕУ,НАТО и Комонвелтот,но од таму порачуваат дека за да се случи тоа,Шкотска ќе мора да помине низ редовната процедура за прием на нови членки и да ја добие подршката од сите земји во овие организации.

Британската влада и нејзиниот премиер Дејвид Камерон,во перидот до евентуалната конечна разделба со Шкотска,ќе мора да спречат да дојде до финансиска нестабилност на остатокот од земјата,а над се да сочуваат угледот на Велика Британија во светот,а посебно во ЕУ,во НАТО и британскиот Комонвелт.

Правни и политички експерти сугерираат одлагање на британските парламентарни избори,предвидени за мај 2015 година,за во времето по 24 март 2016 година и конечната разделба со Шкотска,доколку на денешниот референдум се покаже дека Шкотланѓаните повеќе сакаат сами,отколку во унија со Британија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on