Шинѕо Абе нареди да се преземат мерки за заштита на населението од евентуално истрелување ракета од Северна Кореја

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе нареди денеска на Министерството за одбрана да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на населението на земјата, во врска со истрелувањето ракета од Северна Кореја, што според разузнавањето може да се случи уште денеска.

– Ќе бидат преземени сите неопходни мерки за заштита на животот и безбедноста на нашето население. Издадов соодветна наредба на министерот за одбрана Ицунори Онодера, рече премиерот.

Онодера од своја страна изрази уверување дека Министерството е подготвено за секакви вонредни ситуации. Од вчера собираме и анализираме секакви можни информации и сме подготвени за секакви вонредни состојби, рече министерот.

Според податоци на разузнавачките служби на САД, Јужна Кореја и Јапонија, Пјонгјанг уште денеска може да истрела балистичка ракета со среден дострел.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови