Схинас: ЕУ мора да има стабилна миграциска политика

Од:

Потпретседателот на Европската Комисија задолжен за европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас, ги повика земјите членки на ЕУ набрзо да го свртат повторно вниманието кон миграциската политика, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на новинарско прашање за бродот со бегалци спречен да се закотви во Малта пред неколку дена, Схинас рече дека поради кризата со коронавирусот земјите на ЕУ се наоѓаат во потешка ситуација, но дека, според него, ниту една членка на ЕУ не ги прекршила вредностите и принципите на Унијата.

Според медиумските извештаи, властите во Малта со вперено оружје во бродот го спречиле да се приближи и му дале координати за Италија.

Сепак, потпретседателот на Европската Комисија, чија функција е, меѓу другото, да ја реформира миграциската политика на ЕУ, ги повика земјите членки штом се смири здравствената криза да им дадат приоритет на миграцијата и азилот.

– Штом ќе ја ослободиме масата на Комисијата од прашањата за Ковид-19 и економското заздравување, а тоа ќе биде брзо, сега вниманието треба да се фокусира на ЕУ пактот за миграција и азил, за да имаме единствена, целокупна рамка за миграциската политика на ЕУ. Таа не смее повеќе да биде агрегат на постојан кризен менаџмент, мораме да се придвижиме кон стабилна рамка, и сметам дека не сме далеку од оваа почетна точка изјави Маргаритис Схинас.

Тој ги увери новинарите дека Европската Комисија е во постојан контакт со Малта и Италија во однос на мигрантскиот брод кој плови низ Медитеранот.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски