„Шин Феин“ ќе се спротивстави на излезот на Велика Британија од ЕУ

Од:

Ирската републиканска партија „Шин Феин“ соопшти дека ќе се спротивстави на излезот на Велика Британија од Европската Унија и пред парламентарните избори на 8 јуни ќе побара специјален статус за Северна Ирска во ЕУ, пренесе ДПА.

-„Шин Феин“ се спротивстави на Брегзит затоа што тој ќе биде катастрофален за народот на Ирска, за нашата економија и за јавните услуги, рече Мишел О’Нил, лидерот на „Шин Фејн“ во Северна Ирска.

– На референдумот во јуни минатата година луѓето од Северот јасно гласаа за иднина во ЕУ, подвлече О’Нил.

– Оттогаш на скандалозен начин сме заобиколувани од Тереза Меј, таа изрази жалење.

На референдумот за членството на Велика Британија во ЕУ 56 проценти од избирачите во Северна Ирска гласаа за останување во ЕУ. Во Обединетото кралство во целина, меѓутоа, приврзаниците на Брегзит надвалдеаја со 52 проценти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска