Шимон Перес: Израел е во состојба на „отворена војна“ со Иран

Од:

Израел е во состојба на „отворена војна“ со Иран, изјави вчера претседателот Шимон Перес во ексклузивно интервју за Си Ен Ен.

Перес изјави дека Израел располага со „доволно“ солидни разузнавачки информации за да го поврзе атентатот во Бугарија, во кој загинаа петмина Израелци, со Иран и со либанското движење Хезболах и е убеден дека тие планираат нови напади како дел од, како што се изрази, „отворената војна против Израел“.

Перес, меѓутоа, предупреди дека Израел ќе дејствува за да ги спречи натамошните атентати.

Запрашан дали експлозијата во Бугарија и останатите обиди за атентат биле одмазда за убиствата на иранските нуклеарни научници, за кои Иран го обвинува Израел, Перес изјави дека Израел никогаш не ја презел одговорноста за овие убиства. Но, тој забележа дека Израел има право да ги спречува убиствата на неговите граѓани.

Перес кажа дека политиката на Израел има за цел „превенција“, а не „одмазда“.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан