Шиф: Обвинителот Бар лаже дека Кина е поголема закана од Русија за изборите во ноември

Од:

Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Претставнички дом, Адам Шиф, денеска го обвини државниот обвинител Вилијам Бар дека лажел кога кажал дека Кина претставува поголема закана од Русија кога станува збор за потенцијалното мешање во одржувањето на ноемвриските претседателски избори во САД.

Повикувајќи се на разузнавачки информации, Бар ова тврдење го изнесе во средата, без да даде образложение, а слична изјава, два дена подоцна, исто така, без дополнителни детали, даде и Роберт О’Брајан, советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, потсетуваат британските медиуми.

Шиф, претставник на Демократската партија, кажа дека Бар, назначен од Трамп, го мами американскиот народ и дека е „подготвен да стори или да каже било што“ само да му помогне на сегашниот претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните избори.

Противникот на Трамп на претседателските избори, демократскиот кандидат Џо Бајден, во петокот изјави дека не се согласува со тезата дека Кина е најголемата закана кога станува збор за потенцијално мешање во тамошните избори, бидејќи, како што рече, разузнавачките извештаи што ги добил не укажуваат на тоа.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари