Шестмина загинати во самоубиствен напад во Могадишу

Од:

Најмалку шест лица загинаа денеска кога бомбаш самоубиец се разнесе меѓу група војници пред канцеларијата на сомалискиот премиер, соопштија воени претставници во земјата.

-Видов тела на шест лица и уште неколкумина ранети, изјави Абдулкадир Али, војник кој се наоѓал во близина на местото на нападот во центарот на Могадишу, пренесуваат француските медиуми.

Се верува дека многу од погинатите и ранетите се војници и полицајци.

-Напаѓачот седел во близина на надворешниот ѕид и се кренал во воздух меѓу група припадници на силите за безбедност. Настана хаос, имаше чад и делови од човечки тела, додаде Али.

Премиерот Абди Фарах Ширдон Саид се наоѓал во канцеларијата во моментот на нападот, но не е повреден, изјавија официјални претставници од неговата канцеларија.

-Силите за безбедност затворија дел од градот околу канцеларијата на премиерот. Видов неколку мртви војници и уште неколкумина повредени кои се префрлени во болница, раскажа очевидецот Мухамед Хусеин.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но бунтовниците од организацијата Шебаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, веќе извршуваа серија герилски напади во сомалиската престолнина.

Бунтовниците се зарекоа дека ќе го соборат новоизбраниот претседател Хасан Шејк Мухамед, кој на должноста стапи во септември кога беше избран новиот парламент во земјата, со што заврши осумгодишната преодна управа.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија