Најмалку шест лица беа убиени синоќа во северниот либански град Триполи во жестоки борби меѓу приврзаници и противници на сирискиот претседател Башар Асад, соопшти извор од либанските служби за безбедност.
– Исклучително жестоки борби се водеа изминатата ноќ до пет часот изутрина. Шест лица загинаа и 40 беа повредени, рече изворот.
Во борбите биле користени минофрлачки гранати и автоматско оружје. Гранати паднале во повеќе станбени квартови во градот, вклучувајќи во центарот.
Најмалку 18 лица беа убиени и над 70 ранети во Триполи, откако во неделата таму избвунаа вооружени судири меѓу либански борви, лојални на различни фракции во сириската граѓанска војна.