Шест западни држави загрижени од одлуката на романската Влада да ги олесни своите антикорупциски закони

Од:

Шест западни држави изразија длабока загриженост од одлуката на романската Влада да декриминализира некои корупциски кривични дела и соопштија дека ова може да ги поткопа успесите на Букурешт во борбата со корупцијата и под прашање да ги стави нејзините меѓународни партнерства, пренесоа британските медиуми.

Во заедничко соопштение на амбасадите на САД, Канада, Германија, Франција, Белгија и Холандија се изразува длабока загриженост „од дејствијата на владата кои го поткопуваат напредокот на Романија за правна држава и во борбата со корупцијата, забележан во последните десет години“.

Одлуката на владата да го олесни своето антикорупциско законодавство „може само да ја урне репутацијата на Романија во меѓународната заедница и ризикува да ги засегне и нејзините партнерства, кои се потпираат на споделени вредности и да ги наруши раководните принципи на ЕУ и НАТО“, предупредуваат шестте западни држави.

Над 250.000 Романци синоќа демонстрираа низ целата земја против владината одлука, што се доживува како најголемото отстапување од реформите откако Романија во 2007 година се приклучи кон ЕУ.

Во главниот град Букурешт протестираа меѓу 130.000 и 150.000, а во други пет поголеми градови се собраа вкупно меѓу 100.000 и 150.000 демонстранти.

Во Букурешт дојде и до судири меѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантите со камења и петарди гаѓаа по полицајците, кои возвратија со солзавец и гумени палки, пренесе ТАСС.

Романското обвинителство во моментов разгледува над 2.000 истраги за злоупотреба на служебената положба.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски