Шест полицајци повредени при судири меѓу полицијата и демонстранти во Каталонија

Од:

Шестмина полицајци се повреден вечерва при судири меѓу група демонстранти и полицијата во градот Жирона во шпанскиот автономен регион Каталонија, за време на протестите по повод 40-годишнината од усвојувањето на Уставот на Шпанија.

Како што јави ДПА, за време на протестите полицијата уапси еден демонстрант.

Протестите ги организраше група, која себе си се нарекува „антифашисти“, со цел да го спречи одржувањето на собирот по повод донесувањето на Уставот, организран од екстремно десничарската и популистичка партија Вокс.

Вокс, која е формирана во 2013 година од дисиденти од конзервативаната Народна партија, жестоко се противи на независнoста на Каталонија и се залага за зачувување на единството на Шпанија.

На регионалните избори во Андалузија во неделата, Вокс освои 10,97 отсто од гласовите и 12 мандати, со што првпат обезбеди места во еден Парламент на шпански регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина Романци, сите роднини, се степаа на улица во Шпанија

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија