Шест починати од новиот коронавирус во Кина, драстично расте бројот на заразени

Од:

Според најновите податоци на кинеските медицински власти, досега се заразени 291 лице од новата форма на коронавирусот, од кои дури 270 се од провинцијата Хубеи.

Во оваа провинција најголемиот број на заразени доаѓаат од градот Вухан. Остантите случаи се регистрирани во Пекинг, Шангај и во провинцијата Гуангдонг, на југот од земјата, пренесоа британските медиуми, дообраснувајќи дека овие податоци се однесуваат заклучно со вчерашниот ден.

Од овој нов тип на коронавирус досега се починати шест лица.

Здравствената комисија во Вухан соопшти дека најмалку 15 медицински работници, исто така, се меѓу заразените со вирусот и дека едно лице се наоѓа во критична состојба, објави Би-Би-Си. Претпоставка е дека тие се заразиле со контакти со пациентите.

Сите заразени лица се наоѓаат во изолација, наведуваат кинеските медиуми.

Истовремено, Си-Ен-Ен јавува дека американскиот Национален институт за здравје веќе работи на вакцината против коронавирусот.

Директорот на Институтот за алергија и инфективни болести Ентони Фаучи изјави дека ќе бидат потребни неколку месеци за да се заврши со првата фаза од клиничките тестирања и повеќе од една година за да се дојде до вакцината.

Кинеската национална здравствена комисија потврди дека новиот коронавирус, што предизвикува пневмонија, се пренесува од лице на лица и дека на тој начин се заразени одредени припадници на медицинскиот персонал, пренесе агенцијата Ксинхуа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски