Најмалку шест луѓе загинаа и 132 се повредени по две експлозии на бензиска станица во главниот град на Гана, Акра.
Заменик министерот за информации изјави дека ноќеска биле регистрирани и послаби експлозии, но пожарникарите успеале да го локализираат пожарот.
Според очевидци, експлозиите биле предизвикани од цистерна со пропан-бутан.
Околу 150 луѓе загинаа во пожар на бензиска станица во Акра во 2015 година.