Шест лица загинаа во сообраќајки во Франција поради лошото време

Од:

Шест лица  ги загубија животите во сообраќајни несреќи предизвикани од лошите временски услови во Франција. Меѓу загинатите се наоѓаат и тројца војници кои требаше да заминат во мисија во Мали.

Педесет и два департмани, што претставува речиси целиот северен и југозападен дел на Франција, се ставени во метеоролошка претпазливост поради ризиците од снежни врнежи и голомразица, јави дописникот на МИА од Париз.

Поради снежните врнежи вчера беа затворени училишта, а беа предизвикани и проблеми во јавниот превоз.

Во Лозер пет лица загинаа во сообраќајни несреќи, во кои дојде до судир меѓу патнички со товарни возила на замрзнатите патишта.

Во Савоа – француските Алпи, се преврте еден автобус со туристи од Русија во близина на Шамбери при што дваесет лица се повредени од кои три потешко и сите се пренесени во болница.

Снежните врнежи ги принудија патниците на летот од Бове за Пиза со комапнијата „Рајанер“ да ја поминат ноќта на аеродромот.

Снежните врнежи се очекува да престанат во текот на оваа ноќ.

Би можело да ве интересира

Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Горан Наумовски

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор