Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Од:

Шест лица загинаа денеска во два последователни руски напади врз медицински центар во градот Суми во североисточна Украина, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.

Тој на Телеграм напиша дека во првиот напад загина едно лице, а оштетен е таванот на неколку ката од болницата.

Според Клименко, додека траела евакуацијата на пациентите и персоналот, дошло до нов руски напад во кој загинале уште пет лица, пренесува Ројтерс.

Регионалната управа соопшти дека во денешниот напад биле користени дронови.

Нападите врз градот и регионот Суми станаа многу почести откако украинските сили започнаа операција во соседната руска област Курск во август и зазедоа десетици населени места, јавува Ројтерс.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека за време на ноќниот руски напад собориле 69 од вкупно 73 беспилотни летала, како и дека противвоздушната одбрана уништила 15 дронови кои биле лансирани во Киев.

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија