Шест лица загинаа во авионска несреќа во Мексико

Од:

Шест лица загинаа кога мал авион „цесна“ се урнал на североистокот на Мексико, соопштија денеска властите.

Авионот се урнал во државата Тамаулипас, во близина на границата со САД.

Според првичните информации, во несреќата загинале три лица, но канцеларијата на државниот обвинител подоцна соопшти дека животот го загубиле шест лица.

Авионот полетал од Сијудад Викторија за Монтереј во соседната држава Нуево Леон.

Мексиканските власти ги истражуваат причините за несреќата, во се претпоставува дека авионот прво се запалил пред да се урне, соопшти Службата за цивилна заштита.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви