Шест лица загинаа, меѓу кои двајца турски државјани во напад на неидентификувани вооружени лица врз минибус, кој возел работници кон болница во сомалискиот главен град Могадишу, која била под раководство на Турција, соопшти локалната полиција.
Напаѓачите, се движеле со автомобил, кога отвориле оган кон минибусот во регионот на Могадишу, Хоган, околу зградата на турската Амбасада.
Шест лица се убиени на лице место, а други шестмина (пет Турци и еден Кениец) се ранети, изјави Али Ахмед, претставник на регионалната полициска управа,
Засега никој не ја презел одговорноста за терористичкиот напад. Се препотставува дека е дело на Ал Шабаб, радикална исламистичка групација, создадена во 2004 година на територијата на Сомалија.