Најмалку 16 лица денеска загинаа, а 36 се ранети, откако атентатор самоубиец се крена во воздух за време на погребна церемонија во источен Авганистан, изјави претставник на локалните власти, цитиран од ДПА.
Нападот бил извршен во градот Михтарлам, престолнина на провинцијата Лагман.
Во градот се изведувал погребот на четворица загинати, вклучувајќи и полицаец, кои биле убиени во експлозија на подметната бомба на пат, во текот на истиот ден.
Засега никој ne ја нема презедено одговорноста за двата напада.
Според податоци на локалните власти, едно дете загинало во експлозија на бомба во близина на училиште во провинцијата Нангархар.