Шефовите на дипломатиите на ЕУ одлучија да наложат нови санкции против проруските сепаратисти во Украина и нивни приврзаници, јави ДПА, повикувајќи се на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Списокот ќе биде подготвен за една седмица. Конечното решение за прашањето треба да биде донесено од шефовите на дипломатиите на ЕУ на следната нивна средба на 9. февруари во Брисел.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер истакна дека на луѓето кои ќе бидат додадени во црниот список ќе им биде забрането да влегуваат на територија на ЕУ и ќе им бидат замрзнати сметките.