Шефот на Вагнер го нападна лидерот на вториот најголем руски град: Тој е никаквец

Од:

Лидерот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, го критикуваше гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов во контекст на борбата за власт во родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.

На својот блог „Телеграм“, Пригожин тврдеше дека Беглов е „никаквец на кој нема место во градот“ и повторно побара кривична истрага за неговите активности.

Беглов, член на руската владејачка партија Единствена Русија, го води градот од 2018 година, прво како привремен гувернер, а од 2019 година како избран функционер.

Пригожин често го напаѓа, а овој пат го обвини дека ја лаже јавноста и ја занемарува безбедносната состојба во градот.

Беглов се уште не одговорил на овие обвинувања.

Пригожин, кој ја води неговата компанија и Вагнер во тој град, го критикуваше гувернерот дека не направил ништо по убиството на провладиниот блогер Владлен Татарски.

Татарски загина во неделата во експлозија во кафуле во Санкт Петербург во сопственост на Пригожин. Притоа, 40 лица се повредени. Осомничена е жена.

„Беглов воопшто не помогна по тој терористички напад. Згора на тоа, верувам дека тој е виновен што нема обезбедување во градот да го спречи тоа“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

Вагнер планира да испрати систем за противвоздушна одбрана на Хезболах тврдат американските разузнавачи

„Вагнер“ се враќа на украинскиот фронт како официјална единица на руската гарда

Горан Наумовски

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Катерина Ѓуровски

Згаснува ли Вагнер, снимки покажуваат демонитрање камп