Шефот на Вагнер ги нападна руските олигарси

Од:

Јевгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на платеничката воена група Вагнер, ги нападна олигарсите и другите богати Руси во интервју објавено денеска. Пригожин, кој ретко се појавуваше во јавноста во минатото, се залагаше за идејата на олигарсите да им се одземе нивното богатство за да ги принудат да ги поддржат руските трупи во Украина.

“Тие се исплашени. Ја сакаат својата удобност. Сакаат да се нурнат навечер во топол базен и да уживаат. Човек треба еднаш да сфати дека мора да се одвои од сè што има – од заводливиот свет, рестораните, бањите, базените. Колку побрзо тоа ви се одземе, толку подобро“, изјави 61-годишниот финансиер за државната телевизија РТ.

Пригожин, кој исто така се смета за руски олигарх на Запад, е под санкции од западните влади поради улогата на групата Вагнер во руската инвазија на Украина. Го бара и ФБИ за мешање во изборите во САД.

Долго време во сенка, Пригожин неодамна регрутираше руски криминалци за војната во Украина во замена за амнестија. Тој, исто така, се почесто јавно го критикува врвот на руската армија за начинот на кој се води војната против Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО