Шефот на полските конзервативци во предизборната кампањата шири омраза кон хомосексуалците

Од:

Полска мора да му се спротивстави на „патувачкиот театар“ на парадата на гордоста што изразува поддршка за правата на ЛГБТ луѓето, рече лидерот на Конзервативната владејачка партија Јарослав Качински.

Владејачката полска партија за право и правда (ПИС) ги користи правата на ЛГБТ луѓето како клучна тема во изборната кампања, прикажувајќи ја како опасна идејата на Западот, која ги поткопува традиционалните католички вредности.

„Таа голема офанзива, тој патувачки театар кој се провлекува во различните градови да провоцира а потоа да плаче… тоа нам ни штети, тоа мора да се демаскира и да се отфрли.“, рече Качински на партискиот предизборен пикник.

Законот мора целосно да се примени за „регулирање на овие прашања“, додаде тој.

Тој, исто така, рече дека е „благодарен“ на архиепископот на Полска, кој овој месец рече дека Полска е под опсада на „чумата на виножитото“.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он