Шефот на полицијата во Кабул поднесе оставка по серијата бомбашки напади

Од:

Шефот на полицијата во Кабул денеска поднесе оставка откако авганистанскиот главен град го потресоа најмалку девет напади на екстремисти во изминатите две недели.

– Генерал Захир Захир соопшти на Министерството за внатрешни работи дека повеќе нема да ја врши функцијата. Министерот ја прифати неговата оставка, потврди портпаролот на полицијата Хашмат Станакзаи.

Шефот на кабулската полиција поднесе оставка непосредно откако вчера во талибански напад на приватен комплекс во Кабул загинаа тројца странци.

Во вчерашниот напад е убиен директор на меѓународна хуманитарна група, заедно со синот и ќерката.

Портпаролот на талибаните Забиулај Муџахид потврди на Твитер дека извршиле напад врз тајна христијанска мисионерска група.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски