Шефот на Пентагон пристигна во Ријад

Од:

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер денеска пристигна во ненајавена посета на Ријад, соопшти државната телевизија „Ал Екбари“.

Телевизијата не откри никакви детали за програмата на посетата на американскиот министер која следуваше по неговата посета на Авганистан.

На 11 октомври Вашингтон одобри распоредување на неколку илјади војници во Саудиска Арабија за да го заштити својот најголем сојузник во регионот од дестабилизација, која според САД, ја спроведува Иран.

Вашингтон уште на крајот од септември најави распоредување на 200 војници во Саудиска Арабија, што беше првиот воен контингент по повлекувањето на американските трупи во 2003 година.

Со претходните војници, вкупно 3.000 дополнителни војници минатиот месец добиле дозвола за продолжување на престојот или им е одобрено заминување, соопшти Пентагон.

Засилувањата, покрај војниците, вклучуваат и ракети Патриот и антиракетен штит THAAD.

Во последните месеци се зголемија тензиите меѓу Саудиска Арабија и САД од една страна и Иран од друга страна.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени