Шефот на одделот за борба против наркотици на финската полиција осуден за шверц на дрога

Од:

Шефот на специјалната единица за борба против наркотици при финската полиција, Јари Арно (59) е осуден на десет години затвор поради шверц на дрога.

Заедно со Арно, еден од водечките полициски функционери во Финска, на истата затворска казна е осуден и неговиот „главен соработник“, кој е припадник на финското криминално подземје.

Полицаецот е осуден затоа што во текот на 2011 и 2012 година и помогнал на една криминална банда да внесе околу 800 килограми хашиш од Холандија, за продажба на нарко пазарот во Финска.

Арно, кој 30 години работи во финската полиција, во најголем дел во секторот за борба против шверц на дрога, е уапсен во 2013 година.

Тој и при апсењето и во текот на судењето ги отфрлаше сите обвинувања, тврдејќи дека внесувањето на дрогата од странство било со знаење на полицијата.

Пред Судот во Хелсинки, овој висок полициски функционер беше обвинет за пет кривични дела поврзани со шверц на дрогата, како и за 17 други дела, вклучувајќи и за обид невин човек да се прогласи за дел од шверцерскиот круг.

Во септември годинава, во друг судски процес, Јари Арно беше осуден на три години затвор за измама.

Судење на висок полициски функционер или државен службеник поради корупција или злоупотреба на функцијата е мошне редок случај во финското правосудство. Финска е втората земја во светот, по Данска, со најмал степен на корупција, според податоците на Транспаренси Интернешанл.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски