Шефот на OceanGate е во подморницата, неговата сопруга е правнука на загинати на Титаник

Од:

Венди Раш е сопруга на Стоктон Раш, основач и директор на OceanGate, кој се наоѓа на исчезнатата подморница. Таа е и правнука на патници кои загинаа на Титаник, пишува Би-Би-Си.

Станува збор за Исидор и Ајда Штраус кои патувале во прва класа на Титаник и биле споменати дури и во филмот Титаник.

Имено, Штраус биле меѓу најбогатите патници на Титаник. Тие беа косопственици на познатата стоковна куќа Мејси.

Исидор одбил да влезе во чамецот за спасување, неговата сопруга не сакала да биде без него. Како што напиша Њујорк Тајмс, тие веројатно се најпознати по нивната трагична љубовна приказна.

Преживеаните од Титаник рекоа дека Исидор одбил да влезе во чамецот за спасување додека не влезат сите жени и деца. Ајда, неговата 40-годишна сопруга, одбила да оди без него.

Потоа, двајцата биле видени како стојат рака под рака на палубата на Титаник додека бродот тонел. Во филмот Титаник тие се претставени како пар кој се прегрнува во кревет и чека смрт додека водата навлегува околу нив.

Според архивите на Њујорк Тајмс, телото на Исидор било извлечено од морето околу две недели по потонувањето. Посмртните останки на Ајда никогаш не беа пронајдени.

Венди Раш се омажи за Стоктон Раш во 1986 година. Таа е директорка за комуникации во OceanGate и, според нејзината страница на LinkedIn, трипати била на потонатиот брод Титаник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Застрашувачка снимка од претходната мисија на Титан: Капетанот изгуби контрола над подморницата

Американците веруваат дека се најдени човечки останки во остатоците од Титан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Остатоците од подморницата Титан извлечени од дното на Атлантикот

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ

Мајката на момчето кое загина во подморницата: Сакаше да ја реши Рубиковата коцка на 3.700 метри длабочина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Анимација која покажува што се случувало со подморницата

Предраг Петровиќ