Шефот на МААЕ загрижен за иранскиот нуклеарен договор

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јукија Амано изјави дека се загрижувачки зголемените тензии околу иранскиот нуклеарен договор. Тој посебно е загрижен за најавата од Техеран дека е можно Иран веќе да не почитува одредени одредби од договорот.

– Договорот од 2015 година им даде на меѓународните инспектори многу подобар пристап за испитување на нуклеарните активности на Исламската Република, изјави генералниот директор на Јукија Амано на состанокот на бордот на МААЕ.

– Затоа, се надевам дека може да се најдат начини за намалување на сегашните тензии преку дијалог, рече тој.

Тој додаде дека „од суштинско значење е Иран целосно да ги спроведе своите обврски поврзани со нуклеарното оружје”, согласно договорот.

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф вчера изјави дека Европа не е во позиција да го критикува Техеран за воените капацитети и ги повика европските лидери да ги нормализираат трговските врски со Исламската Република, и покрај американските санкции или ќе се соочат со последиците.

Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, којшто светските сили потпишаа во 2015 година, и повторно воведе сеопфатни санкции.

Франција, Велика Британија и Германија ја споделуваат американската загриженост за развојот на балистичките проектили и активностите во регионот, но застанаа во одбрана на Договорот, како најдобар начин за ограничување на иранската програма за збогатување ураниум, што претставува потенцијален пат кон развој на нуклеарно оружје.

– Европејците и другите потписници на нуклеарниот договор би требало да ги нормализираат економските врски со Иран…Ќе престанеме да ги исполнуваме обврските или ќе преземеме акции соодветни на нивните мерки, потенцираше Зариф.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он