Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре во историска посета на Бахреин

Од:

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре треба да отпатува за Бахреин, што ќе биде прва официјална посета на израелскиот министер за надворешни работи на оваа заливска земја, пренесе ДПА.

Лапид, заедно со неговиот колега од Бахреин, Абдулатиф ал Зајани, ќе ја отвори израелската амбасада во Манама, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Ерусалим.

Покрај тоа, шефот на израелската дипломатија ќе потпише голем број билатерални договори со кралството, наведува министерството.

Амбасадорот на Бахреин во Израел, Калед Јусиф Ал Џалахма, од минатиот месец ја презеде функцијата во Тел Авив.

Бахреин и Обединетите Арапски Емирати лани во септември станаа првите земји од Заливот што воспоставија официјални врски со Израел, преминувајќи ја децениската линија што ја повлекоа повеќето арапски држави, кои одбиваа да воспостават односи со Израел пред решавањето на конфликтот со Палестинците.

Оттогаш, Израел, исто така, потпиша договори за нормализирање на врските и со Мароко и Судан, пренесе ДПА.

Претходно, само две арапски држави – Египет и Јордан – одржуваа дипломатски односи со Израел.

Би можело да ве интересира

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа