Шефот на германското контраразузнавање предупредува за засилена руска шпионажа

Од:

Кризата во Украна Германија и другите земји од ЕУ ќе ги направи поголеми цели за руска шпионажа, денеска предупреди шефот на германското контраразузнавање Ханс-Георг Маасен, цитиран од ДПА.

-Странските разузнавачки служби секогаш пројавуваат интерес кон актуалниот политички развој, посочи Маасен во интервју за неделното издание на весникот „Тагесшпигел“.

„Имајќи ја предвид украинската криза, руските служби многу ќе се интересираат за надворешната и економската политика на другите европски држави и особено за Германија”, изјави тој.

Маасен прецизира дека особен интерес може да претставува донесувањето одлуки, а најмногу за тоа до каде Германија и Европа се подготвени економски да ја поддржуваат Украина, особено во делот на испораките на гас.

-Добивајќи ги овие информации, Русија може да предвиди што може да се случи во однос на можните санкции или дипломатски последици, забележува шефот на Федералната служба за заштита на Уставот.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ