Шефот на германската дипломатија социјалдемократот Франк Валтер Штајнмаер е најпопуларен германски политичар, се вели во анкета на „Билд“.
Зад него е министерот за финансии и најстар член на Владата, Волфганг Шојбле, потоа канцеларот Ангела Меркел, а зад неа шефот на Владата на најбројната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, Ханехлоре Крафт, исто така социјалдемократ.
Околу 71 отсто Германци се задоволни од работата на Штајнмаер, 68 отсто од работата на Шојбле, 65 отсто сметаат дека Меркел добро работи, а 52 отсто веруваат во Крафт.