Рикардо Патино, шеф на дипломатијата на Еквадор изјави денеска дека е време Асанж да биде оислободен.
Во изјава за ТВ станицата Телесур, тој нагласи дека одлуката на ОН јасно покажува дека во тој случај се работи за „политички прогон“.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж веќе три години се наоѓа во еквадорската Амбасада во Лондон.
Панел на ОН денеска објави дека Асанж е „противправно притворен“.
Работната група на ОН ја повика Британија и Шведска да „го прекинат неговото лишување од слобода“, оценувајќи дека мора да се почитува „физичкиот интегритет и слободата на движење“ на Асанж.
Панелот, составен од петмина експерти, соопшти дека Лондон и Стокхолм треба да му ја надоместат штетата на Асанж.
Портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон изјави вчера дека Асанж ќе биде уапсен доколку излезе од Aмбасадата на Еквадор, без оглед на одлуката на комисијата на ОН.