Шефот на египетската дипломатија ја откажа средбата со Џаред Кушнер

Од:

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја откажало денешната средба на министерот Самех Шукри со Џаред Кушнер, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, без да бидат дадени детали за причината за ваквит потег.

Одлуката да не се одржи средбата Шукри-Кушнер, на која требаше да се разговара за актуелната ситуација на Блискиот исток, меѓутоа, во Каиро била соопштена веднаш по добивањето на одлуката на Стејт департментот да се блокира воената и друга помош за Египет, поради американската загриженост за човековите права во земјата.

Официјален Вашингтон одлучи да ја блокира натамошната исплата на воената помош од 195 милиони долари и помошта од 95 милиони за други дополнителни потреби, затоа што САД се незадоволни од усвојувањето на новите египетски прописи за работењето на невладините организации и групи.

Осум граѓански организации во Египет, уште во јуни предупредија дека новите прописи на владата во Каиро, се „репресивни и без преседан“ и дека работењето на многу НВО, со новите прописи ќе биде сфатено како „криминално и противзаконско“, што ќе предизвика нивната работа, практично, да биде неизводлива.

Анонимен американаки дипломатски извор, за американските медиуми изјави дека Вашигтон жали за одлуката да се откаже средбата на министерот Шукри со советникот Кушнер, која веќе била договорена.

Кабинетот на претседателот на Египет, Абдел Фатех ал Сиси, во исто време соопшти, дека шефот на државата денеска, доцна попладне, ќе се сретне со американската делегација што ја предводи Џаред Кушнер.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски