Шефот на ЦИА: Некогаш закани стигнуваа од Југославија, сега од Викиликс

Од:

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, изјави дека во текот на историјата заканите најмногу доаѓале од националните држави и во тој контекст ја наведе Југославија. А денеска, како што рече Помпео, сè поголема опасност претставуваат недржавните актери како што е Викиликс.

„Во книгите од историја ќе читате кои национални држави биле закана за Америка. Ќе читате што правела Америка против заканите кои стигнувале од Југославија и други национални држави“, рече Помпео во обраќањето на Американскиот претприемачки институт.

Како што истакна Помпео, денеска заканите многу поразлично треба да ги сфати разузнавачката заедница бидејќи поголеми закани стигнуваат од недржавни актери.

„Без разлика дали заканите доаѓаат од група како Хезболах, Ал Каеда или Викиликс. Тие немаат знаме во Обединетите нации и претставуваат вистинска закана за САД“, предупреди Помпео.

Поради тоа, разузнавачката работа на ЦИА мора да одговара на актуелната ситуација. Меѓу заканите, тој ги вброи и Јужна Америка, Иран и Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски