Шефот на британската дипломатија вo посета на Ирак

Од:

Министерот за надвошни работи на Велика Британија Филип Хамонд денеска пристигна во Ирак, каде со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ќе преговара за борбата против терористичката група Исламска држава и за зацврстувањето на ирачкото национално единство, јави ТАСС.

– Исламската држава е сурова терористичка организација, која не ја претставува волјата на народите во Ирак, Блискиот Исток и исламската вера. Ако не биде запрена, ќе се судриме со криминална и терористичка група, која ќе напаѓа насекаде, особено врз оние кои не се согласуваат со нејзината извртена идеологија, рече Хамонд.

Тој нагласи дека Велика Британија изведува воздушни напади врз позициите на Исламската држава во Ирак, на ирачките Курди им испорачува оружје и ги обучува нивните воени формации и дава политичка поддршка на Влада во Багдад. Преку ОН Лондон се обидува да го пресече финансирањето на групата од странство, напомена шефот на Форин офис.

– Формирањето на новата ирачка Влада е важен прв чекор на патот за решавање на сериозните проблеми, пред кои е исправен Ирак во областа на безбедноста, во политичката и хуманитарната сфера, дополни Хамонд.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство