Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ-Буриќ вечерва е избрана за нов генерален секретар на Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур.
При изборот, шефицата на хрватската дипломатија доби 159 гласа, а нејзиниот противкандидат, холандскиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс – 105.
Веднаш по објавувањето на резултатите од гласањето, Пејчиновиќ-Буриќ изјави дека „посебно внимание ќе им посвети на прашањата на дискриминација на жените и децата“.
Пејчиновиќ-Буриќ е втора жена што ќе ја извршува оваа највисока функција на Советот на Европа.
Таа е родена во 1963 година во Мостар. Економски факултет завршила на Универзитетот во Загреб во 1985 година. Од јуни 2017 година ја извршува функцијата хрватска вицепремиерка и министерка за надворешни и европски работи. Зборува француски, англиски и шпански јазик.