Шеф на иранската дипломатија: Иран наскоро ќе ги обнови нуклеарните преговори

Од:

Иран многу брзо ќе се врати на преговарачка маса за обнова на почитувањето на нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдулахиан.

– Исламската Република Иран ќе се врати на преговарачка маса. Во моментов ги разгледуваме досиејата во Виена и многу скоро повторно ќе започнат преговорите на Иран со земјите од форматот „четири плус еден“, истакна шефот на иранската дипломатија, без да прецизира конкретен датум.

Претходно оваа недела, ирански извори најавија дека преговорите ќе продолжат во рок од еден месец.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски