Шчербак: Победата над фашизмот обврзува и денес

Од:

Пред 70 години со големи жртви беше соборен фашизмот. Заеднички долг е да не дозволиме враќање на оваа чума, истакна амбасадорот на Руската Федерација Олег Николаевич Шчербак синоќа на отворањето на Ревијата на руски воени филмови во Кинотеката на Македонија спроти одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот.

– Пред 70 години со огромни жртви и страдања на фашизмот му беше нанесен смртен удар. Но доколку ја изгубиме претпазливоста, доколку ги заборавиме ужасите и злосторствата на нацизмот, тој пак ќе се обнови како што тоа се случува во моментов во одердени прибалтички земји и во Украина. Нашиот заеднички долг е да не дозволиме обновување на оваа чума, да бидеме достојни на подвигот на нашите татковци и дедовци, рече Шчербак.

Ревијата руски воени филмови е по повод 70 години од победата во Големата татковинска војна, а е организирана од Кинотеката и Агенцијата за филм на Македонија во соработка со Руската амбасада и Рускиот културен центар во Бугарија.

На отворањето на манифестацијата амбасадорот Шчербак на директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески му ја врачи медалјата „Пушкин“ доделена со указ од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. Како што истакна, ова високо руско признание се доделува на личности кои дале голем придонес за промоцијата на рускиот јазик и култура надвор од Русија.

Башески, заблагодарувајќи се истакна дека одличјето го доживува како признание за неговата посветеност на доближување на руската филмска уметност на македонската публика.

– Прашувајќи се за таа љубов кон Русија помислив дека можеби е заради Чехов, Тарковски…, заради православието. Сфатив дека се должи на љубовта кон руските филмови, рече Башески.

Директорката на Кинотеката на Македонија, Мими Ѓоргоска Илиевски најави дека кон крајот на октовмври годинава, во соработка со националниот филмски архив на Русија „Госфилм-Фонд“, ќе биде прикажана и ретроспектива на руската кинематографија која ќе понуди историски и антологиски наслови од нејзините почетоци.

Вечер во 20 часот во рамки на ревијата руски воени филмови на програмата е филмот „Таткото на војникот“ од 1965 година во режија на Резо Чкеидзе. Филмот ја следи приказната на еден стар селанец и одгледувач на грозје, кој откако ќе прими писмо од синот кој е на фронтот дека е ранет, заминува да го посети во болницата. Но, пред да дојде во болницата синот веќе е вратен на фронтот. Таткото не може да се врати во селото и се придружува на Советската армија…

Би можело да ве интересира

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

Унгарија казнета со одржување на еден квалификацискиот натпревар за СП 2022 без гледачи поради расизам против играчите на Англија

А1он

Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Жарко Настоски

Европа скромно ќе го одбележи Денот на победата

Ана Ололовска

Светот слави Ден на победата над фашизмот или Ден на Европа

Ана Ололовска

Најбогатото германско семејство ги поддржувало нацистите

Ана Ололовска