Шарл Мишел: Јас лично се залагам за испорачување на тенкови во Украина

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се заложи за испорака на тенкови и повеќе опрема во Украина за да се обезбеди уште посилен отпор на рускиот агресор.

„Ние во Европската унија продолжуваме да ја поддржуваме Украина онолку долго колку што е потребно. Сега е време за повеќе опрема и јас лично сум за испорака на тенкови до неа“, рече Мишел во говорот на пленарната седница на Европскиот парламент.

Во последно време се зголемува притисокот за снабдување со западни тенкови на Украина. Велика Британија најави дека ќе ги испрати своите тенкови „Челинџер 2“, а со тоа се отвора пат и Германија да ги испрати своите леопарди.

Либералниот пратеник од Белгија Ги Верхофштад објави дека 112 пратеници во Европскиот парламент побарале промена на стратегијата и испраќање тенкови и ракети со долг дострел во Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин