Шариф ги критикува нападите на САД

Од:

Идниот пакистански премиер, шеесет и тригодишниот Наваз Шариф изјави дека сака добри односи со САД, но упати и критики за американските напади со беспилотните летала врз екстремистите, што според него претставува кршење на суверенитетото на Пакистан.

Се очекува религиозниот муслиман по победата на изборите одржани во сабота, да завладее со оваа нуклеарна сила чија нестабилност претставува глобален проблем, особено во моментот кога Запад сака да стави крај на војната во соседен Авганистан, оценува „Асошиејтед прес“.

Шариф во своите изјави често ги напаѓаше САД и ја обвинуваше пакистанската Народна партија дека ја продава сувереноста на државата во замена за американската помош.

Меѓутоа аналитичарите сметаат дека таквата реторика била потребна во текот на изборната кампања, а дека Шариф ќе има друг пристап кон САД откако ќе стане премиер. Тој го покажа тоа во своите први коментари по изборите.

-Мислам дека имаме добри односи со САД. Секако дека мора да се слушаме едни со други, рече Шариф и додаде дека доколку има загрижувачки прашања од која било страна треба да се разговара.

На парламентарните избори одржани во сабота, партијата на Шариф доби мнозинство места во народното собрание, што значи дека Шариф по трет пат ќе стане премиер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица