Севернокорејските сајтови повторно работат по повеќечасовниот прекин на интернет врските

Од:

Главните севернокорејски сајтови денеска повторно почнаа со работа откако интернет врските на земјата со надворешниот свет беа во прекин повеќе од девет часа, соопшти ДПА.

Пристапот на Северна Кореја до глобалната мрежа вчера на неколку пати беше во прекин во периодот меѓу 9 часот и 15 часот по Гринич, пред целосно да се прекине во 17 часот. Прекинот траеше девет часа и 31 минута, соопшти американската компанија за кибер безбедност „Дин рисрч“ од Њу Хемпшир.

Интернет пристапот до севернокорејската агенција КЦТА и весникот „Нодон синмун“ веќе е нормализиран, соопштија јужнокорејски официјални претставници. Овие сајтови се главните канали за официјалните севернокорејски вести и нивните сервери се разместени надвор од земјата, забележаа американските медиуми.

Инцидентот предизвика нови шпекулации за кибер напади, веројатно од страна на САД, откако претседателот Барак Обама вети дека ќе одговори на хакерскиот напад врз американската компанија „Сони пикчрс“, за која Вашингтон ја обвини Северна Кореја.

Белата куќа и Стејт департментот не сакаа да коментираат дали американската Влада е одговорна за инцидентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“